02.12.2019

ВТОРОЛИГАШКИ ПОГЛЕД: Партизан Водно Санс го доби дербито во Прилеп

За максимален ефект, четири натпревари, четири победи, скор кој го има и екипата на ТФТ…

 

По одигрувањето на четвртото коло во Втората лига, останаа само две екипи кои успеаа да го одржат оној максимален ефект. Односно да важат како непобедливи.

Дербито во Прилеп, каде се сретнаа екипите на Мега Баскет и на Партизан Водно Санс одреди скопските „црно-бели“ да останат во таа улога. Славеше тимот кој го предводи тренерот Тони Симиќ со сигурни (84:77), па сега е на ефект од четири победи во исто толку натпревари, додека Мега баскет падна на скор (3-1) и е второпласирана екипа на Западот.

На Исток, кошаркарите на ТФТ полека но сигурно ја наметнуваат кандидатурата за премин во највисокиот ранг на натпреварување.

Втората екипа од Скопје која на себе има црно-бели обележја во овој круг немаше ама баш никакви проблеми на гостувањето во Чаир и дуелот со Шкупи. Го решија со убедливи (88:55), па и тимот од Тафталиџе може да се пофали со максимални бројки (4 од 4).

Струмица извојува мошне значајна победа на гостински терен кај Риниа (78:72), а се подобри игри прикажува и младиот тим на Феникс 2010 кој во ова коло го освои Велес, односно го совлада Борец Баскет со (69:61).

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ИСТОК

Борец баскет – Феникс 2010    61:69

Шкупи – ТФТ           55:88

Риниа – Струмица 72:78

Баскет КАМ – Спарта       71:67

МКК Куманово - слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 8, Струмица 7, Борец Баскет 6, Феникс 2010 5, Баскет Кам 5, Спарта 5, Шкупи 5, Риниа 4, МКК Куманово 3

ИДНО КОЛО (07.12)

Струмица – Баскет КАМ

ТФТ – Риниа

Феникс 2010 – Шкупи

МКК Куманово – Борец Баскет

Спарта – слободен

ЗАПАД

Црн Дрим – Албес            97:73

Чаир 2030 - Тетекс ТТК   83:70

Ангели - Спорт Тим          92:71

Мега Баскет - Партизан Водно Санс           77:84

Хераклеа     слободен

ТАБЕЛА:  Партизан Водно Санс 8, Црн Дрим 7, Мега Баскет 7, Ангели 5, Хераклеа 5, Тетекс ТТК 5,Чаир 2030 4, Спорт Тим 4, Албес 3

ИДНО КОЛО (07.12)

Спорт Тим – Чаир 2030

Партизан Водно Санс – Ангели

Албес – Мега Баскет       

Хераклеа – Црн Дрим

Тетекс ТТК - слободен