04.12.2019

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – ЖЕНИ: Добар старт на КАМ Баскет, Пробаскет...

Во оваа натпреварувачка сезона 2019/2020 година, вкупно седум екипи во женското издание на М-18 лигата се борат за титулата на најдобар во нашата земја.

И барем засега, по четири одиграни кола, пријатно изненадување се младите кошаркарки на КАМ Баскет. Екипата од Македонска Каменица се наоѓа пред главните конкуренти, Бадел 1862 односно Вардар. Имаат максимален број на победи, што е најава за интересно натпреварување во оваа највозрасна категорија во женската младинска кошарка.

Потврда плус за тоа е и победата на гостувањето кај Струга 2009 (63:50).

*Во М-16 конкуренцијата, изненадувачки добар почеток има екипата на Пробаскет Академија, која има најмногу освоени бодови, макар и со натпревар-и плус во однос на конкурентите.

Екипите на Вардар и на Бадел 1862 се без пораз, но им недостасуваат неколку натпревари за да го комплетираат ефектот во пет одиграни рунди во кои има доста неодиграни натпревари (поради совпаѓање со натпреварите од М-18 конкуренцијата).

*Поради поголемиот број на пријавени екипи, генерацијата М-14 е поделена во три одвоени групи. Во секоја од нив има по четири, а по два одиграни круга, екипите на Струга, Трокал и Патриот 2016 може да се пофалат со исто толку успешни игри.  

 

М-18 – ПРВА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Гостивар – Бадел 1862  51:83

Пелистер – Шкупи         /

Струга 2009 – Баскет КАМ          50:63

Вардар – слободен

ТАБЕЛА: Баскет КАМ 8, Бадел 1862 6, Вардар 5, Струга 2009 3, Гостивар 2009 3, Пелистер 3, Шкупи 2

ИДНО КОЛО

Струга 2009 – Баскет КАМ

Бадел 1862 – Шкупи

Гостивар 2009 – Вардар

Пелистер – слободен

М-16 – ЖЕНИ

Патриот 2016 – Трокал 64:48

Спорт Тим – Пробаскет Академија        46:54

Студент Академија – Шкупи     /

Бадел 1862 – Вардар    /

Струга 2009 – К. Паланка            /

ТАБЕЛА: Пробаскет Академија 8, Трокал 6, Вардар 6, Струга 2009 6, Крива Паланка 5, Патриот 2016 5, Шкупи 5, Бадел 1862 4, МВП Струмица 4, Спорт Тим 4, , Студент Академија 2

ИДНО КОЛО

Вардар- Струга 2009

Шкупи – Бадел 1862

Пробаскет А. – Студент А.

Трокал – Спорт Тим

МВП Струмица – Патриот

М-14 – ЖЕНИ

ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Јуниор (Б) – Струга 2009               16:24

Бадел 1862 – Гостивар 2009       /

ТАБЕЛА: Струга 2009 4, Бадел 1862 2 (-1), Јуниор (Б) 2, Гостивр 2009 1 (-1)

ИДНО КОЛО

Гостивар- Јуниор (Б)

Струга 2009 – Бадел 1862

ГРУПА 2

Пробаскет А – Трокал   20:65

Шкупи – Вардар              /

ТАБЕЛА: Трокал 4, Пробаскет Академија 3, Вардар 1 (-1), Шкупи 1 (-1)

ИДНО КОЛО

Вардар – Пробаскет Академија

Трокал – Шкупи

ГРУПА 3

Пробаскет Пробиштип – Патриот 206   40:56

Студент Академија – К. Паланка             /

ТАБЕЛА: Патриот 2016 4, Пробаскет Пробиштип 3, Крива Паланка 1 (-1), Студент Академија 0 (-1)

ИДНО КОЛО

К. Паланка – Пробаскет Пробиштип

Патриот 2016 – Студент Академија