09.12.2019

ПЕТТО КОЛО ОД ВТОРОЛИГАШКАТА КОНКУРЕНЦИЈА: Партизан ВС го издржа налетот на Ангели, Струмица на врвот на Истокот

Кошаркарите на Партизан Водно Санс ја продолжија победничката серија, во дуелот со градскиот ривал Ангели, тимот на Тони Симиќ славеше со (97:92), доволно за лидерската позиција на Западот.

 

Дуелот со екипата на Ангели беше уште едeн вистински тест за можностите на Партизан Водно санс, досега непоразената екипа на Западот.

А избраниците на тренерот Тони Симиќ успешно оддолеаа на сите напади на тимот од Драчево. И на крајот стигнаа до победата (97:92), што е петта за нив во серија. Доволно да ја сочуваат лидерската позиција на Западот со максимален ефект.

Веднаш зад нив сега се приближи екипата на Црн Дрим, која извојува особено важен триумф на гостувањето во Битола, беа подобри од Хераклеа (70:62), доволно за скор (4-1).

Во ова коло, победа на гостински терен остварија и кошаркарите на Чаир 2030. И тоа на гостувањето кај Неготино, против Спорт Тим (100:77).

Промена на лидерското место на Истокот, макар и привремена. Нa позицијата број 1, најмалку до одигрувањето на средбата ТФТ – Ринија, се најде екипата на Струмица.

Струмичкиот состав излезе како победник во дуелот со КАМ Баскет (72:61), па сега со девет освоени бода се пред екипата на ТФТ, која својот меч ќе го одигра во понеделник (од 14.часот).

Пробив кон горниот дел од табелата прави Феникс 2010, кој без проблеми го прегази Шкупи (107:52), а изненадување на колото е победата на МКК Куманово против Борец баскет (84:80).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Хераклеа – Црн Дрим     62:70
Спорт Тим – Чаир 2030  77:100
Партизан Водно Санс – Ангели    97:92
09.12: Албес – Мега Баскет
Тетекс ТТК - слободен

ТАБЕЛА: Партизан ВС 10, Црн Дрим 9, Мега Баскет 7 (-1), Ангели 6, Чаир 2030 6, Хераклеа 6, Тетекс ТТК 5, Спорт Тим 5, Албес 3 (-1)

ИДНО КОЛО (14.12)

Мега Баскет – Хераклеа
Ангели – Албес
Чаир 2030 – Партизан ВС
Тетекс ТТК – Спорт Тим
Црн Дрим - слободен

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Струмица – Баскет КАМ 72:61
Феникс 2010 – Шкупи    107:52
МКК Куманово - Борец Баскет    84:80
Спарта - слободен
09.12: ТФТ – Риниа

ТАБЕЛА: Струмица 9, ТФТ 8 (-1), Феникс 2010 7, Борец Баскет 7, Баскет КАМ 6, Шкупи 6, Спарта 5, МКК Куманово 5, Риниа 4 (-1)

ИДНО КОЛО (14.12)

Шкупи – МКК Куманово
Риниа – Феникс 2010
Баскет КАМ – ТФТ
Спарта – Струмица
Борец Баскет - слободен