21.01.2017

ВИДЕО: Насоки за судиска едукација

Во рамки на ФИБА програмата со наслов „Фер игра за сите“, развиена со цел да асистира при унапредувањето на кошарката, издадено е новото видео посветено конкретно на подобра судиска подготовка и проценка.

Додека секој тим се стреми да го покаже најдоброто за да дојде до победата, тоа мора да биде направено и во согласност со спортскиот дух и фер играта, со меѓусебно почитување и коректно однесување на инволвираните страни во натпреварот. Поради тоа што десет играчи постојано се движат во мал простор од теренот, ситуации со контакт меѓу нив се неизбежни. Судиите не би требало да го прекинуваат текот на натпреварот непотребно со казнување на инцидентни контакти. Сепак, доколку некој од тие контакти го оневозможи противникот, прекин мора да има, за доброто на играта.

Целта на видеото со наслов „Фер игра за сите“ е да ги насочи играчите, да им помогне на тренерите и судиите да се однесуваат коректно, односно исправно да го разграничат дозволеното од недозволеното во кошарката.