19.03.2017

Струга 2009 го освои турнирот за девојчиња до 14 години

Младите кошаркарки на Струга 2009 го освоија трофејот од турнирот за девојчиња до 14 години. Македонската кошаркарска федерација тековниот викенд организира турнир со кој ги поттикна младите кошаркарки да продолжат да се занимаваат со овој спорт, а осум екипи од целата република ја поздравија таа иницијатива.

Екипите на Трокал и на Шкупи односно на Пелистер и на Струга се бореа за првото место во полуфиналните дуели. Кошаркарките на Пелситер го совладаа Шкупи со 40-22 и се пласираа во финалето каде се пресметаа со Пелистер кој претходно во полуфинален дуел го совлада Трокал со 25-20.

Во финалната пресметка, кошаркарките на Струга 2009 беа максимално мотивирани за подигнување на трофејот на турнирот и ја остварија таа намера. Со 17-37 младите кошаркарки од Струга беа подобри и го подигнаа трофејот на овој турнир. Кошаркарката Елена Пешиноска беше прогласена за најкорисен играч (МВП) на турнирот откако на првиот полуфинален дуел постигна 21 поен.

Сите фотографии од денешните натпревари од турнирот можете да ги погледнете на официјалната фејсбук страница на Македонската кошаркарска федерација

ФОТОГАЛЕРИЈА СЛАВЈЕ СТРУГА 2009

ФОТОГАЛЕРИЈА ФИНАЛЕ ПЕЛИСТЕР - СТРУГА 2009

ФОТОГАЛЕРИЈА НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО ТРОКАЛ - ШКУПИ