28.03.2017

Втор селективен тренинг за кошаркарки до 16 и до 18 години

Селекторите на националните состави до 16 и до 18 години закажуваат втор селективен тренинг за кошаркарки родени 2001/2002 година односно 1999/2000 година за 9. април 2017 година.

Селекторот Стојна Вангеловска, со помош на Енвер Мифтари и Златко Мокров ќе ги скенираат кошаркарките родени 2001 година односно 2002 (М16) со почеток од 10:00 часот во салата на кошаркарскиот клуб Вардар (мала сала „Кале“).

Селективниот тренинг ќе биде со времетраење од два часа, до пладне, а потоа на паркетот во салата ќе излезат девојчињата две години постари.

Анета Глигорова која на почетокот на овој месец беше назначена за селектор на националниот состав до 18 години од страна на МКФ по предлог на Стручниот совет, заедно со Јордан Цветановски од 12:00 часот ќе го започне вториот селективен тренинг на девојките родени 1999 година односно 2000 година.

Селективниот тренинг ќе биде со времетраење од два часа, почнувајќи од пладне (12:00 часот). Тренингот ќе се одржи во салата на кошаркарскиот клуб Вардар (мала сала „Кале“).

 

Се повикуваат сите клубови од Република Македонија да земат учество на селективните тренинзи. Играчите се должи да понесат опрема за тренирање и да бидат подготвени 30 минути пред почетокот на тренингот на соодветната селекција. Клубовите кои не се во можност да испратат играчи на селективниот тренинг мора да ја известат МКФ.

Кадетките оваа година ќе настапуваат на Европското првенство (Дивизија Б) што од 17. до 26. август ќе се одржи во Скопје додека јуниорките ќе се натпреваруваат на континенталното првенство кое ќе се одржи во Даблин, Ирска во периодот од 4. до 13. август. Двете првенства се одржуваат оваа година.

 

Фотографиите од првите селективни тренинзи може да се погледнат на официјалната фејсбук страница на Македонската кошаркарска федерација или на следните линкови: М16 односно М18.