05.04.2017

Линк за следење на натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Куманово

Како што и претходно беше најавено и, веќе во два наврати успешно реализирано, Македонскиот олимписки комитет преку својот YouTube канал ќе врши пренос на натпреварите од Првата машка лига, конкретно од Супер лигата. Сите љубители на спортот со портокаловата топка кои нема да можат да ги проследат натпреварите директно од трибините на спортските сали ќе можат да ги следат на првиот програмски серив на националната телевизија ()МРТ) како и на каналот на МОК.

Натпреварот помеѓу Кожув и Карпош Соколи кој е на програмата денес во 19:00 часот ќе биде пренесуван на првиот програмски сервис ба МРТ. Статистиката од соодветниот дуел ќе можете да ја проследите на следниот линк.

Еден час порано, во реприза од минатогодишното финале од Плeјофот, МЗТ Скопје Аеродром ќе ја започне битката на паркетот во „Јане Сандански“ против соодветната екипа на Куманово. Сите кои сакаат да го проследат овој натпревар, а нема да можат да го направат директно од трибините ќе имаат можност да го гледаат на МОК ТВ односно на следниот линк. Статистиката од истиот натпревар може да биде проследена тука.

Статистиката од третиот натпревар од петтото коло на Супер лигата, во кој најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички ќе го нагости трикратниот шампион во домашното првенство Фени индустри, може да биде проследена на следниот линк.