05.04.2017

Закажани пријателски натпревари на сите младински селекции

Македонската кошаркарска федерација речиси ги пополни календарите со активности на сите младински селекции. Оваа календарска година, пет младински национални селекции ќе земат учество на континенталните првенства (не сметајќи ги селекциите до 14 години кои ќе учествуваат на турнирот „Словенија бол“). Искуство од пријателски натпревари е секогаш добредојдено во пресрет на настапи на континентални натпреварувања поради што МКФ одлучи да ги зголеми активностите на младите кошаркари и кошаркарки. За сениорските репрезентации се предвидени пријателски натпревари и турнири, но распоредот дополнително ќе биде објавен.

М20 мажи
Учество на ЕП (Дивизија Б) во Орадеа, Романија (15. - 23. јули)

Собир: 6. јуни – Скопје
Пријателски натпревари
Македонија – Косово (23. јуни)
Македонија – Полска (30. јуни)
Македонија – Полска (1. јули)
Македонија – Романија (4. јули)
Македонија – Романија (5. јули)
Косово - Македонија (9. јули)

М18 мажи
Учество на ЕП (Дивизија Б) во Талин, Естонија (29. јули - 6. август)
Собир: 15. јуни – Скопје
Пријателски натпревари
Турнир во Турција
Словачка - Македонија (30. јуни)
Турција - Македонија (1. јули)
Турција - Македонија (2.јули)
Бугарија – Македонија (3. јули)
Бугарија – Македонија (4. јули)

Австрија – Македонија (8. јули)
Австрија – Македонија (9. јули)

М16 мажи
Учество на ЕП (Дивизија Б) во Софија, Бугарија (10. - 19. август)
Собир: 27. јуни – Скопје
Пријателски натпревари
Македонија - Бугарија (19. јули)
Македонија – Бугарија (20. јули)
Македонија – Косово (31. јули)
Македонија - Шведска (8. август)
Турнир во Турција

М18 жени
Учество на ЕП (Дивизија Б) во Даблин, Ирска (2. - 14. август)
Собир: 3. јули – Скопје
Пријателски натпревари
Бугарија – Македонија (14. јули)
Бугарија – Македонија (15. јули)
Турнир во Скопје:
Македонија – Израел (27. јули)
Израел – Македонија (28. јули)
Македонија – Бугарија (30. јули)

М16 жени
Учество на ЕП (Дивизија Б) во Скопје, Република Македонија (16. - 26. август)
Собир: 3. јули – Скопје
Пријателски натпревари
Бугарија – Македонија (14. јули)
Бугарија – Македонија (15. јули)
Турнир во Скопје:
Македонија – Израел (21. јули)
Израел – Македонија (22. јули)
Македонија – Бугарија (24. јули)
Македонија - Шведска (15. август)