07.04.2017

Дерби дуелот од ПЛЖ во живо на YouTube каналот на МОК

Натпреварот помеѓу Бадел 1862 и Вардар во живо на МОК ТВ

Претстојниот викенд (8. односно 9. април) ќе се одигра последното, 14. коло од регуларниот дел на сезоната од Првата лига во женска конкуренција. Четири натпревари се на распоредот од кои три ќе се одиграат в сабота, а еден ден подоцна.

Последното коло пред разигрувањето за титулата во тековната натпреварувачка сезона ќе го отворат кошаркарите на Бадел 1862 и на Вардар во спортската сала „Независна Македонија“. Дамите ќе си ги одмерат силите во дерби дуелот кој ќе биде пренесуван на YouTube каналот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) на следниот ЛИНК. Клубски Патриот и Трокал ќе се пресметаат час подоцна, во ист термин Шкупи ќе ја нагости соодветната екипа на Струга 2009. Пелистер и МНА Кожувчанка ќе го затворат последното коло во регуларниот дел од сезоната в недела (9. април) во 16:00 часот.

Во машката конкуренција, вкупно пет натпревари се на распоредот од Супер лигата и од Плејаут лигата.

В сабота, во рамки на шестото коло од Супер лигата Фени Индустри ќе се обиде да направи реприза на полуфиналето од ЛИМАК Купот на Република Македонија каде го елиминира актуелниот шампион во домашното првенство, МЗТ Скопје Аеродром. Дуелот помеѓу лидерот на табелата во Супер лигата и ’фенерџијата‘ сите љубители на македонската кошарка кои нема да можат да го проследат овој натпревар во живо од спортската сала „Јасмин“ ќе можат да го следат на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ). Во истиот термин ќе се пресметаат Кожув и Куманово додека в недела Работнички ќе го нагости Карпош Соколи (почеток 18:00 часот).

Во рамки на претпоследното коло од Плејаут лигата, в сабота, Пелистер ќе го нагости Вардар во својата реновирана сала „Младост“. Натпреварот ќе започне во 18:00 часот. В недела (19:00 часот битката за првото место на табелата ќе ја водат екипите на Струмица и на АВ Охрид. Двете екипи го делат местото поради ист број на бодови.

 

 

ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СТАТИСТИКА

СУПЕР ЛИГА:
Фени индустри - МЗТ Скопје Аеродром
Кожув - Куманово
Работнички - Карпош Соколи


ПЛЕЈАУТ ЛИГА:
Пелистер - Вардар
Струмица - АВ Охрид