08.04.2017

ПЛЕЈАУТ: Победа на Пелистер над Вардар (77-70)

Екипата на Пелистер во резултатски тесен натпревар успеа да запише нова победа во Плејаут лигата, овој пат над Вардар со 77-70 (17-19, 22-22, 22-11, 16-18). На битолчани, за кои овој натпревар беше прв во реновираната сала „Младост“, оваа победа ги одржува во борбата за опстанок во кошаркарската елита на Република Македонија.

И покрај тоа што финалниот исход од натпреварот е во полза на домаќинот, кошаркарите на Пелистер воопшто немаа лесна задача против екстра мотивираната екипа на Вардар. Шутерите на гостинскиот состав беа максимално концентрирани, а реализираните поени зад линијата за три поени им донесе водство на гостите по првите десет минути. Пелистер успеа да се врати во игра,ги искористи изгубените топки на противникот за да направи комплетен пресврт во третиот период. Водството од девет поени беше сосема доволно за да самодовербата остане на високо ниво, како и концентрацијата.

Стрелци на натпреварот
Пелистер: Фил (19 поени), Андрејевиќ (13), Голубовиќ (14), Анакиевски (18)
Вардар: Адекунле (20 поени), Ивановиќ (12), Зекири(18)