12.04.2017 Македонската кошаркарска федерација сака јавно да изрази огромна благодарност до дел од официјалните лица кои беа делегирани на натпреварите од претпоследното коло во Прва лига мажи (Супер лига и Плејаут лига) и М20 лига (мажи) кои ја поздравија иницијативата на Судиската комисија при МКФ и одлучија делумно или целосно да го донираат својот хонорар за лекување на Стеван Гешоски. Се надеваме дека во иднина и останатите официјални лица ќе го следат нивниот хуман гест. СУДИИ: Алија Феревски Иван Мијалковски Боро Антовски Благоја Лазов Владимир Михајловиќ Сашо Стојчевски Горан Бошковски Стојан Митев Мартин Петровиќ Драге Мицковски Ангел Огненов Дејан Дојчиновски ДЕЛЕГАТИ: Илија Божиновски Сречко Хорват