Македонската кошаркарска федерација повторно покренува иницијатива за одржување на турнир за девојчиња до 14 години. Првиот турнир беше поздравен од осум екипи и успешно организиран во Скопје, а вториот ќе биде организиран во Струга или во Вевчани.
Се планира, турнирот да биде одржан последниот викенд од тековниот месец април (29. и 30.).
Клубовите кои се заинтересирани мора да го потврдат учеството на турнирот најдоцна до петок (21. април 2017 година).
Сите трошоци за официјалните лица како и за сместување на екипите ќе бидат покриени од страна на МКФ, а клубовите учесници ги покриваат трошоците за патување и за храна.
На првиот турнир, екипата на Струга 2009 го подигна победничкиот трофеј.
Фотографиите од турнирот можат да се погледнат на следните линкови.
Шкупи - Гостивар
Баскет Кам - Трокал
МВП Скопје - Пелистер
Струга - Бадел 1862
Гостивар - МВП Скопје
Баскет Кам - Бадел 1862
Трокал - Струга
Шкупи - Пелистер
Трокал - Шкупи