29.04.2017

Нова победа за репрезентацијата до 15 години

Репрезентацијата на Република Македонија до 15 години ја запиша и втората победа во рамки на меѓународниот турнир кој се одржува во Букурешт, Романија. Овој пат избраниците на Александар Јованчев беа супериорни над домаќинот кого го совлатаа со убедливи 58-73 односно 19-19, 11-15, 11-18 и 17-21 по делници.

Дури десет репрезентативци успеаја да се запишат во листата на стрелци. Следен натпревар, последен за овој турнир е на распоредот утре (недела, 30. април) со почеток во 12:00 часот локално време (11:00 средноевропско).

СТРЕЛЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА:
Богдан Стошиќ (2 поени)
Марко Миловановиќ (14 поени и 10 скокови, 5 асистенции и три украдени топки)
Бранко Шуменковски (6 поени, 4 скокови и 4 украдени топки)
Стефан Јовановски (9 поени, 4 скокови, 3 асистенции)
Лука Савичевиќ (17 поени, 1 скок и 3 асистенции)
Славко Трајковски(4 поени, 4 скокови)
Давид Наумовски (8 поени,3 скока и 2 украдени топки)
Драго Стојмановски (5 поени и 3 скока)
Марко Величковски (7 поени и 2 скока)
Кристијан Столески (1поен, 2 скока и 1 украдена топка)