07.05.2017

Одржан ждреб за квалификациите за СП 2019

Денес, во кинескиот град Гвангжо беше одржан ждреб за квалификациите за Светското првенство кое во 2019 ќе се одржи во Кина. Вкупно 24 земји беа распоредени во осум различни групи, а во октомври групите ќе бидат комплетирани откако уште осум земји ќе добијат шанса за место во квалификациите.

Последните осум земји се репрезентации кои ќе се натпреваруваат во претквалификациите. Па така, на патот кон квалификациите за Светското првенство на македонската репрезентација во машка сениорска конкуренција стојат селекциите на Естонија и на Косово. Македонската национална селекција со овие две земји ќе се натпреварува во месец август.

За селекциите од Европската зона на Светското првенство се резервирани 12 места. Квалификациите ќе бидат одиграни во шест прозорци – ноември (2017), февруари (2017),  јуни (2018), септември (2018), ноември (2018) и февруари (2019).