11.05.2017

Список на кошаркарки повикани за првиот собир на репрезентацијата во женска конкуренција

Селекторот на сениорската репрезентација во женска конкуренција, Марјан Лазовски, го обелодени списокот на кошаркарките кои се повикани за првиот собир. Селекторот очекува да се појават 17 кошаркарки на првиот собир кој е закажан за 26. мај, во Скопје. Неколку дена по првиот собир, репрезентативките ќе земат учество на пријателскиот меѓународен турнир кој ќе се одржи во Скопје. На силниот турнир, кој ќе служи за проверка на силите на националниот состав, учество ќе земат соодветните селекции на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина.