28.05.2017

МЗТ Скопје Аеродром ја освои титулата во М12

Младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија титулата во генерацијата родени 2005 година и помлади односно М12. Со победа од 42-34, домаќините на завршниот турнир во оваа натпреварувачка сезона ги совладаа врсниците од Дино Баскет.

Во рамки на полуфиналните натпревари, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Партизан Водно Санс додека Дино Баскет славеше над МВП Струмица.

Најкорисен играч на фајналфор завршниот турнир е Рубин Стефанов, играч на новиот шампион во оваа возрасна категорија.

 

*фотографијата е преземена од КК МЗТ Скопје Аеродом*