29.05.2017

Учество на 3на3 на Олимпискиот фестивал во Бугарија

Македонската кошаркарска федерација преку Македонскиот Олимписки комитет (МОК) ќе земе учество на Олимпискиот фестивал со екипа во натпреварувањето ’3на3’. Фестивалот ќе се одржи од 4. до 8. јуни во Албена Бугарија и екипата на Република Македонија ќе настапи во следниот состав:

  • Дамјан Ѓорѓиевски – КК Феникс 2010
  • Лука Стојановски – КК Феникс 2010
  • Благој Димитриев – КК Феникс 2010
  • Мартин Ѓорѓиевски – КК Пинк Пантери

Поаѓањето на делегацијата е на 4. јуни (недела) во 6:00 часот наутро.