Кошаркарскиот клуб Шкупи ќе биде организатор на завршниот турнир од првенството во генерацијата до 18 години (м18) во машка конкуренција. Екипите на МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Вардар и на организаторот Шкупи ќе се натпреваруваат во финалната битка за шампионската титула, а сите натпревари ќе бидат одиграни во спортската сала „Шабан Трстена“. Полуфиналните натпревари ќе бидат одиграни на 5. јуни, додека финалниот натпревар како и натпреварот за трето место ќе се одиграат ден подоцна, на 6. јуни.

ДВОЈКИ, ПОЛУФИНАЛЕ М18 МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ 1 (17:30 часот)
Работнички - МЗТ Скопје Аеродром
ПОЛУФИНАЛЕ 2 (20:15 часот)
Вардар - Шкупи