В петок ќе започне силниот меѓународен турнир во женска конкуренција чиј организатор е Македонската кошаркарска федерација. Сите присутни во спортската сала „Јане Сандански“ кои ќе ги бодрат нашите репрезентативки против селекциите на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина (м20) ќе имаат шанса да освојат две авиокарти за до која било дестинација во Турција.

Авиокомпанијата „Turkish Airlines“, која е долгогодишен пријател и спонзор на Македонската кошаркарска федерација, ќе додели две авиокарти на еден среќен, но и прецизен навивач. Бидејќи билети за натпреварите нема да се продаваат и вратите ќе бидат отворени за секој кој има желба да присуствува, пред почетокот на натпреварите на македонската репрезентација ќе бидат фрлени четири топчиња кон трибините. Среќниците кои ќе ги фатат топчињата, на полувремето ќе се обидат да погодат кош од половина терен, а секој ќе има по два обида за да ја освои највредната награда – две авионски карти.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
2. јуни, 2017 година

18:00 часот Босна и Херцеговина - Јапонија
20:00 часот Македонија - Бугарија

3. јуни, 2017 година
17:00 часот Бугарија – Босна и Херцеговина
19:00 часот Јапонија - Македонија

4. јуни, 2017 година
18:00 часот Бугарија - Јапонија
20:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина