Генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација, Моника Гаврилоска, заедно со долгогодишната репрезентативка на Република Македонија Едина Муса, поканети од страна на Такт, зедоа учество на Првата национална конференција насловена како „жени во спорт“. И Гаврилоска и Муса имаа свои излагања на панелот за дискусија на која говореа за предизвиците и родовите стереотипи со кои се соочуваат македонските спортситки, конкретно во кошарката. 

„Ние сме спортистки, жени во спортот и никогаш не се откажуваме!“ - беше одговорот на репрезентативката Едина Муса, на прашањето „како се соочуваш со падовите во кариерата и животот воопшто“.

На националната конференција говореа голем број на македонски спортистки, но и жени кои се инволвирани на некој поинаков начин во спортот.