Кошаркарскиот клуб Вардар победи на денешната лицитација за организација на завршницата од првенството до 16 години во машка конкуренција. Вардар ќе биде домаќин-учесник на овој фајналфор турнир кој ќе се одигра на 9. односно на 10. јуни.

Во рамки на првиот полуфинален натпревар, кој е на распоредот во 17:30, Феникс 2010 ќе го предизвика Партизан Водно Санс 1 додека во вечерниот термин Вардар ќе си ги одмери силите против Партизан Водно Санс 2. Ден подоцна, во првиот термин ќе се одлучи третопласираниот во првенството додека во 20:00 часот ќе започне финалната битка за шампионската титула во оваа возрасна категорија.

Натпреварите ќе бидат одиграни во спортската сала на Вардар, мала сала „Кале“ и тие во вечерните термини ќе бидат пренесувани на телевизијата Сител 3.