Екипата на Феникс 2010 која пред една седмица победи на лицитацијата одржана во просториите на Македонската кошаркарска федерација за организирање на завршницата од првенството во возрасната категорија до 14 години, а потоа се откажа од истото. МКФ ќе биде организатор и на овој фајналфор турнир кој ќе се одигра на 7. и на 8. јуни, во истите термини, но наместо во спортската сала „Методија Андонов - Ченто“ натпреварите ќе бидат одиграни во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром и Партизан Водно Санс се екипите кои ќе го одлучат шампионот во М14 возрасната категорија. Завршниот турнир ќе биде одигран на 7. јуни ( среда) односно на 8. јуни (четврток). Во рамки на првата полуфинална пресметка, МЗТ Скопје Аеродром ќе си ги одмери силите со Партизан Водно Санс додека Феникс 2010  ќе се пресмета со Вардар.

Првата полуфинална пресметка ќе започне во 17:30 часот додека втората ќе започне во 20:00 часот.