Екипата на Вардар е вториот финалист во завршниот турнир од првенството во возрасната категорија до 18 години во машка конкуренција. Кошаркарите на Вардар го совладаа Шкупи со 88-80 (18-25, 16-17, 22-16, 32-22) со пресврт во 30. минута.

Кошаркарите на Шкупи беа главни на паркетот и го диктираа темпото на игра во првиот дел од натпреварот. Двоцифрената наталожена предност се чини беше земена „здраво за готово“, па по неколку грешки во низа условните домаќини на овој натпревар успеаја да го анулираат истото и да го преземат водството. Неколку брзи акции кои резултираа со реализација значеа резултатско одлепување на „вардарци“ (79-68), а со нешто помалку од три минути на семафорот натпреварот односно победникот веќе беше одлучен.

Утре (6. јуни) во 17:30 часот МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи ќе се борат за третото место додека во 20:00 часот Работнички и Вардар ќе ја започнат финалната битка вредна шампионска титула.

Стрелци на натпреварот
Вардар: Волкановски (16 поени, 13 скокови), Милошевиќ (19), Шопов (15), Ѓорески (10), Монев (18)
Шкупи: Какруки (21 поен, 11 скокови), Камбери (24), Реџеп (27)