08.06.2017

Феникс 2010 шампион во М14

Младите кошаркари на Феникс 2010 ја освоија шампионската титула во првенството до 14 години. СО победа од 59-75 против врсниците од Партизан Водно Санс, кошаркарите на Феникс станаа шампиони на Република Македонија за тековната натпреварувачка сезона во возфрасната категорија М14.

Второто место му припадна на финалистот Партизан Водно Санс додека бронзениот медал замина во рацете на кошаркарите од МЗТ Скопје Аеродром кои во битката за третото место славеа со 78-74 против екипата на Вардар.