20.06.2017

ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД

Сениорите започнуваат со активностите

Националната сениорска селекција во машка конкуренција со утрешниот прв собир официјално ќе ги започне подготовките за претквалификациите за Светското првенствои кои се на агендата во месец август. Селекторот Јорданчо Давитков, заедно со своите стручни соработници Александар Јончевски и Љупчо Малинков ќе прозива утре (21. јуни, 2017 година) во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.

Сениорите ќе тренираат во Скопје сè до 3. јули кога привремено ќе се преселат во Маврово. По 8. јули, сениорите повторно се враќаат во Скопје каде и ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

На 10. и на 11. јули, репрезентацијата на Македонија ќе си ги одмери силите против соодветната селекција на Словачка, на гостински терен. На 15. јули Македонија ќе ја нагости Бугарија во Скопје. Потоа следи турнирот „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи во Скопје. На 20. јули македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалија, ден подоцна против Холандија, а турнирот ќе биде затворен со натпревар против Босна и Херцеговина. Последен пријателски натпревар на нашите најдобри репрезентативци во рамки на подготвителниот период ќе биде на 28. јули во Бугарија.

Во рамки на групата Ц, македонската репрезентација ќе се бори против селекциите на Косово и на Естонија за место во квалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одигра во Кина.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПРИЈАВЕНИ ВО ФИБА 

1. Војдан Стојановски
2. Горјан Марковски
3. Бојан Трајковски
4. Александар Костоски
5. Марко Симоновски
6. Кирил Николовски
7. Бојан Крстевски
8. Марјан Јанески
9. Перо Антиќ
10. Стојан Ѓуроски
11. Игор Пенов
12. Владимир Брчков
13. Ненад Димитријевиќ
14. Бобан Стајиќ
15. Љубомир Младеновски
16. Кристијан Николов
17. Адем Мекиќ
18. Александар Штерјов
19. Предраг Пајиќ
20. Андреј Маслинко
21. Ѓорѓи Чековски
22. Михајло Митев
23. Џордан Теодор
24. Лестер Бо Мекејлеб