26.06.2017

Започна кампот за млади кошаркари

Кампот за млади кошаркари кој Македонската кошаркарска федерација повторно го организира во Маврово започна синоќа. Вкупно 60 млади и талентирани кошаркари се селектирани за да бидат дел од овој камп, заедно со 15 тренери (12 од Република Македонија и тројца од САД). Координаторот на ампот Крис Дајл ќе ги има на располагање кошаркарите од возрасна категорија до 14 односно до 15 години во наредните пет дена.