30.06.2017

Јуниорите со победа го отворија турнирот во Истанбул

Репрезентативците до 18 години го отворија турнирот во Истанбул со победа. На нашите јуниори на првиот ден од овој меѓународен пријателски турнир противник им беше соодветната селекција на Словачка која не можеше да одговори на брзата игра на избраниците на Ѓорѓи Кочов.

Селекцијата на Словачка беше достоен противник на нашите јуниори само во првиот дел. Потоа следеше серија од 14 поени (40-55) која беше сосема доволна за да остатокот од натпреварот биде доигран формално.

Во финишот, Македонија славеше со 61-83.

СТРЕЛЦИ

Трсунов: 8 поени, 4 скокови, 4 асистенции
Ѓорѓиевски: 0, 1, 2
Стојановски: 2, 2,
Јордановски: 5, 0, 2
Крстевски: 5, 7, 3
Волкановски: 4, 2,
Панов: 17, 4, 2
Михајловски: 24, 8, 7
Димитриев: 4, 2,
Какруки: 6, 7
Стојанов: 5, 0, 2