11.07.2017

Калев Крамо од Естонија е првиот противник на Карпош Соколи во квалификациите за ЛШ

Екипата на Калев Крамо е првиот противник на Карпош Соколи кои идната натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампиони организирана од ФИБА. Денешниот ждреб одржан во просториите на ФИБА посака да естонскиот претставник во Лигата на шампионите биде клубот против кој македонскиот вицешампион ќе се бори за понатамошен пласман.

Првиот натпревар, во рамки на првата квалификациска рунда (Q1) Карпош Соколи ќе го одигра на домашен терен додека вториот се игра на гостински терен. Натпреварите од првата квалификациска рунда ќе се одиграат во периодот од 19. до 21. септември Доколку македонскиот вицешампион ја мине првата квалификациска рунда ќе се натпреварува во втората квалификациска рунда (Q2) (натпревар на домашен и на гостински терен) во периодот од 24. до 26. септември каде ќе ги пречека екипата на Алба Фехервар. Третата квалификациска рунда (Q3) ќе се одигра од 29. септември до 2. октомври, а противник на Карпош Соколи би бил Пинар Каршијака. Победниците обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони која ќе започне на 10. октомври. Вкупно 32 екипи од Европа ќе се борат за титулата.

Иберостар Тенерифе е првиот и актуелниот шампион на Лигата на шампиони додека нашиот Џордан Теодор е прогласен за најкорисен играч (MVP) на сезоната.