19.07.2017

Денес и утре кадетите ќе разигруваат со Бугарија

По првиот официјален собир одржан на 28. јуни оваа календарска година, кадетските репрезентативци ги започнаа подготовките кои водат кон Европското првенство (Дивизија Б) кое во периодот од 10. до 19. август ќе се одигра во Софија, Бугарија. Кадетите ќе земат учество на силен меѓународен пријателски турнир во Истанбул, а ќе одиграат и четири пријателски натпревари во Скопје од кои два против соодветната селекција на Бугарија, еден против Косово и еден против Шведска. Први на агендата се домаќините на годинашното континентално првенство.

Двата пријателски натпревари ќе бидат одиграни во спортската сала „Кале“, во малата сала. Првиот натпревар ќе се одигра денес, почнувајќи во 19 часот и 30 минути додека вториот ќе се одигра утре (четврток, 20. јуни) со почеток во 17:00 часот.

Во рамки на групата Д, нашите кадети на првенството ќе разигруваат со селекциите на Португалија, Луксембург, Грузија, Велика Британија и со Косово.

СТАТИСТИКА
Прв натпревар
Втор натпревар