20.07.2017

Младинците против Косово ќе се борат за што подобар пласман

Како третопласирани во групата Ц нашите младинци не успеаја да ја минат првата групна фаза од Европското првенство (Дивизија Б). Во следната фаза поминаа домаќинот Романија и Грузија додека нашата селекција, селекцијата на Малта и на Албанија ќе се борат за што подобар пласман на ова континентално првенство.

Според системот на првенството, третопласираниот од нашата група за пласман од деветтото до шеснаесеттото место ќе разигрува против четвртопласираниот во групата Д. Па така, избраниците на Мирко Петрески во првата битка за пласман 9-16 ќе се борат против селекцијата на Косово.

Во неполн месец, нашите младинци двапати беа подобри од Косово. Првиот пат ги совладавме на домашен терен со 82-72 што всушност беше и првиот пријателски натпревар на младинската репрезентација во рамки на подготовките пред првенството. Вториот меѓусебен натпревар го одигравме на гостински терен и повторно запишавме триумф со 66-68.

Натпреварот против Косово ќе го одиграме в петок (21. јули) со почеток во 19часот и 45минути и истиот ќе може да се гледа во живо на следниот ЛИНК.