Македонската кошаркарска федерација и судиската комисија при МКФ сака да се заблагодари на судијата Марјан Мицевски за досегашниот особен придонес во развојот на младите кошаркарски судии. Ова е последен судиски натпревар во неговата судиска кариера. Мицевски има богата долгогодишна судиска кариера зад себе. Како што вели тој, полесно е да се избројат финалињата во кои не судел отколку финалињата кои ги судел. ФИБА ознаката ја добива во 1996 година и оттогаш добива право за делегирање и на меѓународната сцена.

Последниот натпревар на македонската репрезентација на турнирот „Трофеј Македонија“ беше симболично прекинат на истекот на педесеттата секунда, бројот на годините со кои ФИБА го испраќа нашиот судија во пензија.

 

Марјан, ти благодариме за сè! Среќна пензија!