22.07.2017

ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА: Третото место за Холандија

Со триумф над селекцијата на Португалија, репрезентацијата на Холандија го освои третото место на турнирот „Трофеј Македонија“. Холанѓаните го започнаа натпреварот речиси без концентрација што резултира со негатива од 13 поени (11-24). Но тоа беше ’затишје пред бура’. Со серија од 18 поени во низа, тие направија комплетен пресврт, а предноста ја задржаа до крајот, до конечни 66-46 (11-24, 24-8, 20-10, 11-3)

СТРЕЛЦИ
ХОЛАНДИЈА: Вилијамс (2поени), Франке (12), Де Јонг (5), Улдмарс (6), Норел (10), Кок (2), Слагтер (4), Н.Де јонг (14), Боукнехт (5), Шафтенакр (6)
ПОРТУГАЛИЈА: Лима (15 поени), Гуереро (2), Халман (13), Силва (3), Оливеира (4), Ѓукиќ (2), Бело (2), Баросо (5)