31.07.2017

Нова победа на кадетите на домашен терен

Нашите кадети извојуваа нова победа во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) за кое ќе заминат за нешто помалку од 10 дена. Избраниците на Горан Ѓорѓиевски беа супериорни над Косово против кои ќе си ги одмерат силите и во рамки на групната фаза од континенталниот собир. Нашите кадети запишаа победа од 75-34 (16-12, 25-5, 20-8, 14-9). Убедливата победа сигурно ќе им ја подигне самодовербата на нашите млади репрезентативци кои до крајот на подготовките ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, против Шведска.

СТРЕЛЦИ
Бошковски (5поени), Блажевски (3), Наумовски (6), Јакимовски (13), Кацарски (2), Јанев (6), Митевски (7), Миловановиќ (9), Наумоски (9), Исајлоски (3), Карталовиќ (1), Христов (5), Козар (4)