05.08.2017

За 15. место ќе се бориме против Романија

Јуниорската репрезентација на Македонија не успеа да ја совлада соодветната селекција на Шведска, па во рамки на последниот натпревар на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години ќе се бори против селекцијата на Романија за 15. место во генералниот пласман.

Условниот домаќин на овој натпревар направи висока разлика уште во првиот период, кој го доби со 27-10 и и покрај консолидирањето на нашите редови негативата беше превисока за евентуално анулирање и пресврт.

Во финишот Шведска славеше со 80-67 (27-10, 19-19, 15-22, 19-16)

СТРЕЛЦИ
Ѓорѓиевски (4поени), Јордановски (3), Јанев (1), Крстевски (11), Панов (6), Стојановски (17), Михајлоски (15), Какруки (8)