08.08.2017

Пораз од Словачка

Четвртиот натпревар одигран на Европското првенство (Дивизија Б) во рамки на групната фаза ни го донесе и четвртиот пораз во низа. Овој пат, јуниорките од Словачка беа посилни од нашите и со добро отворање на натпреварот ни нанесоа пораз од 76-41 (23-4, 13-13, 20-13, 20-11).

Последен противник во групната фаза нам ни е Молдавија со која по четири одиграни натпревари го делиме дното на табелата во групата Д.

СТРЕЛЦИ
Белеска (3поени), Андонова(8), Џуговска (2), Шеќероска (7), Кузмановска (3), Петрушевска (4), Серафимоска (2), Стоева (2),Спировска (8)