11.08.2017

Кадетите со триумф над Косово

 Нашата кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство (Дивизија Б) што од вчера започна во Софија, Бугарија. Младите кошаркари синоќа загубија од Грузија, но денес покажаа ново лице и им нанесоа втор пораз на в рсниците од Косово (Првиот пред 10 дена на пријателски натпревар во Скопје).

Избраниците на Горан Ѓорѓиевски делуваа стабилно на теренот, играјќи поен-за-поен со противникот. Имавме минимална предност на паузата на полувремето, но потоа следеше мал пад на концентрација и нашиот противник успеа да изедначи. Настапи реализаторска криза, па противниците поврзаа шест поени во низа (46-40) кои ние ги анулиравме по еден тајм-аут. Во преостанатиот дел од натпреварот игравме одново изедначено, за на преку пенали на крајот успееме да стигнеме до водство кое го задржавме до крајот, до конечни 61-64.

МАКЕДОНИЈА - Косово (61-64; 12-12, 19-17, 18-16, 12-19)

СТРЕЛЦИ
Јанев (5поени), Наумовски (8), Јакимовски (22), Миловановиќ (6), Кацарски (3), Наумоски (10), Бошковски (10)