14.08.2017

Пораз од Португалија

Нашата кадетска репрезентација во машка конкуренција запиша уште еден пораз во рамки на групната фаза од Европското првенство, дивизија Б, што се одигрува во Бугарија. Репрезентативците до 16 години солидно го отворија натпреварот против Португалија, со рано водство од 6-2 -предност која противниците ја анулираа и успеаја да ја преземат во своја корист. За нашата национална селекција ова е трет пораз досега, Утре ни следи натпревар против Луксембург, пред разигрувањето за пласман.

МАКЕДОНИЈА - Португалија 46-55 (8-13, 13-14, 13-10, 10-16)

СТРЕЛЦИ
Јанев (7поени), Митевски (3), Наумовски (1), Јакимовски (9), Миловановиќ (8), Наумоски (5), Бошковски (11)