17.08.2017

Против Исланд од 13. до 16. место

Нашата кадетска репрезентација запиша пораз од врсниците од Босна и Херцеговина во првата битка за пласман на Европското првенство (дивизија Б) кое се одигрува во Софија, Бугарија. Младите кошаркари ја завршија групната фаза како четврто пласирани со што во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од деветтото до 16. место ја добија третопласираната селекција во групата Ц - БиХ. 

Избраниците на Горан Ѓорѓиевски ја захубија контролата над играта во вториот период што го искористи противникот за таложење на висока преднсот што ја одржа до крајот на натпреварот.

Следен противник на нашите кадети е соодветната селекција на Исланд која пред неколку часа загуби од Полска.

БиХ - МАКЕДОНИЈА 82-67 (15-12, 27-19, 19-14, 21-22)

СТРЕЛЦИ
Јанев (2поени), Митевски (7), Исајлоски (3), Наумовски (10). Јакимовски (7), Миловановиќ (17), Кацарски (5), Бошковски (16)