18.08.2017

Кадетите поразени од Исланд

Во вториот натпревар во рамки на разигрувањето за конечен пласман на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години, нашите кадети запишаа пораз, овој пат од Исланд. Избраниците на Горан Ѓорѓиевски одиграа одличен натпревар, но во трите од четирите период. Во последниот период концентрацијата не ни беше на највисоко ниво, за што кажува и конечниот резултат. 

Следи натпревар за разигрување од 15. до 16. место против Бугарија односно против Португалија (поразениот од овој натпревар).

Исланд - МАКЕДОНИЈА 70-66 (21-25, 15-14, 12-20, 22-7)

СТРЕЛЦИ

Митевски (10), Наумовски (8), Јакимовски (24), Орлов (4), Миловановиќ (8), Бошковски (12)