18.08.2017

Пораз од Словенија

Репрезентативните кошаркарки до 16 години во вториот натпревар во рамки на групната фаза од Европското првенство (Дивизија Б) не ги совладаа врсничките од Словенија. Избраничките на Стојна Вангеловска беа доминантни во првиот дел од натпреварот, таложејќи двоцифрена предност, но пресингот на словенечките кошаркарки во вториот дел не ни дозволи да ја одржиме таа предност. Кон крајот на натпреварот успеавме двојно да ја намалиме негативата, но не и да ја анулираме во целост за евентуален пресврт.

Следи натпревар против селекцијата на Молдавија, утре (19. август) со почеток во 18 часот и 45 минути. Натпреварот ќе се одигра во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

МАКЕДОНИЈА - Словенија 62-73 (16-17, 22-14, 8-16, 16-26)

СТРЕЛЦИ
Тасевска (2поени), Плакај (7), Николиќ (25), Селцова (14), Митрева (4), Кожобашиовска (10)