22.08.2017

Репрезентативците до 14 години заминаа за Словенија

На четиринаесеттото издание на меѓународниот турнир „Slovenia Ball“ ќе земе учество и национална селекција на Република Македонија. Пријателскиот турнир се одржува со Словењ Градец, а покрај нашата млада селекција на ова издание учество ќе земат уште девет селекции, од кои две од Словенија. Нашата репрезентација е сместена во групата Б заедно со Хрватска, Израел, Украина и 'белите' од Словенија додека во групата А се сместени селекциите на Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Полска и 'сините' од Словенија.

Двете првопласирани селекции од двете групи ќе се пресметаат во рамки на полуфиналето додека останатите ќе разигруваат за пласман од петтото до десеттото место. Турнирот ќе започне на 24. август, а ќе трае до 27. август.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

24. август (четврток)
МАКЕДОНИЈА - Словенија 'бели'
почеток 11:15

Израел - МАКЕДОНИЈА
почеток 20:15
 

25. август (петок)
Хрватска - МАКЕДОНИЈА
почеток 15:00

МАКЕДОНИЈА - Украина
почеток 20:15