27.09.2017

Работнички заврши со настапот во Европа Купот

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Република Македонија, екипата на Работнички, со пораз го заврши настапот во Европа Купот организиран под палката на ФИБА. Кошаркарите од клубот од Градски Парк не успеаја да ја анулираат негативата која со себе ја донесоа на домашен терен од Перм откако на гостувањето во Русија загубија со 25 поени.

Избраниците на Марин Докузовски имаа тешка задача пред себе, но 25-те поени не се чинеа како недостижни. Барем не со начинот на игра во првиот дел од натпреварот. Работнички заостануваше резултатски, но имаше доволно простор за пресврт. Тоа не се случи откако екипите го отворија вториот дел од натпреварот. Кризата на нереализирање на поени наспроти доминацијата на гостите ги дотолчи „центарци“ кои во финишот запишаа пораз од 73-95.

Со овој пораз, Работнички е елиминиран од Европа Купот.