12.10.2017

Карпош Соколи ги доби противниците во групната фаза од ФИБА Европа Купот

Кошаркарскиот вицешампион во Република Македонија, Карпош Соколи, не успеа да обезбеди пласман во втората квалификациска рунда од Лигата на шампиони која се одвива под организациска палка на ФИБА. Елиминацијата на „соколите“ од квалификациските рунди значи пласман во групната фаза на Европа Купот. Па така, Карпош Соколи ќе продолжи да се натпреварува во ова европско клупско натпреварување во новоформирана група Х.

Противници на Карпош Соколи во оваа фаза од натпреварувањето се екипите на Солнок, Нижњи Новгород и Фалко Вулкано. Првиот натпревар се игра за четири дена, на гостински терен кај Солнок.