10.02.2020

12. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА - ЖЕНИ: Бадел 1862 повторно на врвот на табелата

Својот меч против Трокал, „вардарки“ ќе го одиграат за неколку дена, па дотогаш „баделки“ ќе бидат на првото место, со бод повеќе, и натпревар повеќе во однос на главниот конкурент за титулата...

 

По некомплетното 12. коло, екипата на Бадел 1862 одново се проби на првата позиција во женската Прва лига.

Без големи проблеми девојките во „жолто-сина“ комбинација славеа на готувањето во Крива Паланка (93:56). Па по 12.одиграни кола, и скор (11-1) избија на првото место на првенствената табела.

На тоа место, многу извесно, ќе бидат се до одигрувањето на средбата Вардар-Трокал, која е одложена за наредниот викенд. А одложен е и мечот Струга 2005 – Пантери.

Во преостанатите натпревари одиграни овој викенд, Пробаскет Академија како гостин го победи Гостивар (47:40), а Шкупи беше многу подобар од делчевски Патриот 2016 (68:40).

Вечерва, својот натпревар ќе го одиграат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет КАМ.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Крива Паланка – Бадел 1862   56:93

Шкупи – Патриот 2016   68:40

Гостивар 2009 – Пробаскет Академија        40:47

Струга 2009 – Пантери    одл.

Вардар – Трокал   одл.

ДЕНЕСКА:

22.00: МЗТ Скопје А – Баскет КАМ

ТАБЕЛА: Бадел 1862 23, Вардар 22 (-1), Струга 2009 20 (-1), Баскет КАМ 19 (-1), Крива Паланка 18, Пробаскет Академија 18, МЗТ Скопје Аеродром 17 (-1), Гостивар 2009 17, Шкупи 14, Трокал 13 (-1), Пантери 13 (-1), Патриот 2016 13;

ИДНО КОЛО (22.02)

Трокал – Струга 2009

Пантери – МЗТ Скопје Аеродром

Пробаскет – Шкупи

Бадел 1862 – Вардар

Баскет КАМ – Гостивар 2009

Патриот 2016 – Крива Паланка