13. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА - ЖЕНИ:  Во очекување на големото дерби - КФСМ
24.02.2020

13. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА - ЖЕНИ:  Во очекување на големото дерби

Одиграни три натпревари од прволигашката женска конкуренција...

Со оглед на тоа дека коашркрките на Бадел 1862 овој викенд ги играа мечевите од јуниорската АБА лига, нивниот дуел, и дерби на вториот дел од сезоната, против Вардар е презакажан за 28. февруари. Два дена порано, поради истите причини, и кошаркарките на Струга 2009 ќе играат со кавадаречки Трокал.

Во оние три натпревари од 13. Коло, две убедливи победи. Првата на Баскет КАМ против Гостивар 2009 (86:43), и на МЗТ Скопје Аеродром против Пантери (71:47).

Победа на домашен терен реализираа и кошаркарките на Пробаскет Академија против Шкупи со сигурни (65:50).

„Баделки“ ги чека навистина згуснат распоред, затоа што по дуелот со Вардар, наредниот викенд им следува и гостување на уште една квалитетна екипа – Струга 2009.

 ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Пантери – МЗТ Скопје Аеродром      47:71

Пробаскет – Шкупи         65:50

Баскет КАМ – Гостивар 2009    86:43

Трокал – Струга 2009      26.02

Бадел 1862 – Вардар      28.02

Патриот 2016 – Крива Паланка           одл.

ТАБЕЛА: Вардар 24 (-1), Бадел 1862 23 (-1), Баскет КАМ 23, Струга 2009 22 (-1), Пробаскет Академија 20, МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18 (-1), Гостивар 2009 18, Шкупи 15, Пантери 15, Трокал 14 (-1), Патриот 2016 13 (-1-;

ИДНО КОЛО (29.02)

Шкупи – Баскет КАМ

Вардар – Патриот 2016

Пантери – Трокал

Крива Паланка – Пробаскет Академија

Гостивар 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Струга 2009 – Бадел 1862