09.10.2021

Двете екипи си поделија по едно полувреме, но „црно-белите“ го добија она поважното за конечни (85:71).

2. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Од -13 на полувремето, ТФТ дојде до втор триумф во сезоната

Иако имаше по една голема промена, резултатска, на двете страни, по една во првата и уште една во третата четвртина, ТФТ и Еуро Никел 2005 одиграа еден неизвесен натпревр во СРЦ „Кале“.

Тимот од Тафталиџе успеа да надополни висока негатива од полувремето. И на крајот, да стигне до важен триумф против вицешампионот од ланската сезона.

Втор за нив во двете стратни кола од Првата лига-мажи

ТФТ- ЕУРО НИКЕЛ 2005  85:71

Првата им припадна на гостите од Кавадарци, кои по 10.минути од играта водеа со сосема солидни (21:12). Гостите Имаа уште поубедливи (41:29) на полувремето.

Но се некако се промени на почетокот на второто полувреме. По три одиграни четвртини, ТФТ се врати во натпреварот. Дадоа дури 30.поени домашните кошаркари, еден повеќе отколку што реализираа во цело прво полувреме.

Откако заиграа уште подобро во одбраната, на 5:27 минури пред крајот беше нерешено. На семафорот во СРЦ „Кале“ стоеја четири шестки (66:66).

Но нивната серија во последниот период стигна и до (14-5) со која и го превземаа водството (на помалку од четири минути водеа со 73:66).

Анемијата во играта на кавадарчани беше евидентирана и во последните минути од последната четвртина. Закочија на едноцифрен број на реализации, и беа казнети за тоа. Како го добија првиот меч против Гостивар, така го загубија овој во Скопје.

Ландриус Хортон ппвторно беше одличен. Сега со дабл-дабл од 23.поени и 15.скока. Три поени помалку „произведе“ Костоски (додаде и пет асистенции), 12 поени даде Маслинко, а уште 11 Бродвеј.

Кај Еуро Никел 2005, Самарџиски финишираше со 16.поени, Ѓекиќ имаше 11, а Соколов и Дејвис уште по 10.поени.