23.10.2021

МЗТ Скопје Аеродром беше многу подобар од Куманово 2009 (86:71)

4. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА – МАЖИ: Шампионот „спои“ три победи по ред

МЗТ Скопје Аеродром е на победничка патека. Шампионот почна да победува „сериски“. Стигна и до трет триумф по ред, овојпат беше многу подобар од екипата на Куманово 2009, со која лани имаа големи проблеми во плеј-офот кој им ја донесе титулата.

За моментален скор (3-1) и фаќање на приклучок со екипите кои е на максимален ефект.  

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009         86:71

Овој дуел кој беше окарактеризиран како дерби, беше рамноправен само во првите десет минути. Или оние во кои двете екипи поделија по 21.поен.

Промените почнаа да се случуваат во вториот дел во кој се разигра Дамјан Стојановски. Капитенот на „сино-белите“ беше незапирлив за одбраната на кумановци, видливо на резултатот.

На полувремето шампионот веќе имаше двоцифрена предност (50:39).

По одморот гостите дадоа само девет поени за десет минути, и повеќе од доволно „металците“ да побегнат на недостижни (67:48).

Серијата од (8-0) на почетокот на последниот период, им даде некоја надеж на гостите. Се спуштија на (56:67) во само две минути од тој квартал.  

Серијата од (8-0) на почетокот на последниот период, им даде некоја надеж на гостите. Се спуштија на (56:67) во само две минути од тој квартал.  Но во наредните две, МЗТ Скопје Аеродром одговори со пет поени, за мирни (72:56). Но и простор, минути за игра на „најмалите“ во тимот од Аеродром, Спасовски и Величковски.

Оваа средба Стојановски ја заклучи со 25.реализации, сосема добра поентерска роља имаше и Дејвис, стрелец на 16.поени за скопските „сино-бели“, додека на другиот дел од теренот се издвои ефектот на младиот Настовски (15.поени), Каплановиќ (17), Кејлеб (12) и Ѓукановиќ кој реализираше 11.поени.