4. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Крива Паланка – вистински предизвик за Вардар - КФСМ
04.12.2020

Во сабота, од 13 часот е најинтересниот дуел од овој круг од натпреварите

4. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Крива Паланка – вистински предизвик за Вардар

Иако во доста сложени услови на функционирање, кои ги предизвикува присуството на корона вирусот, овој викенд ќе се одиграат неколку натпревари од 4. коло од ова натпреварување.

Во фокусот на вниманието треба да биде дуелот кој од сабота од 13. часот се игра во Крива Паланка, а каде гостува еден од најдобрите тимови во последните неколку сезони – Вардар.

„Вардарки“ се во улога на фаворитки, но тоа треба да го потврдат на ова нималку наивно гостување.

Во групата Исток ќе се одиграат уште два натпревари. И двата се на распоредот во недела.

Од 12.часот, составот на МЗТ Скопје во Аеродром го пречекува Куманово, а три часа подоцна, во Скопје, Баскет КАМ е домаќин на екипата на Пробаскет.

На Западот ќе се одигра само еден натпревар. Од 12. часот во Кавадарци, кошаркарките на Трокал ќе бидат во улога на домаќин на екипата на Струга 2009, за која ова ќе биде и првиот официјален меч во новата сезона во Првата лига- жени.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

ЗАПАД

НЕДЕЛА:

12.00: Трокал – Струга 2009

Бадел 1862 – Гостивар одложено

Работнички – Шкупи - одложено

ИСТОК

САБОТА:

13.00: Крива Паланка - Вардар

НЕДЕЛА:

12.00: МЗТ Скопје Аеродром - Куманово

15.00: Баскет КАМ - Пробаскет