17.09.2025

По извршената проверка, Комисијата изготви класификација на сите пријавени спортски сали во кои се играат натпреварите

Известување до клубовите

Во согласност со Правилникот за лиценцирање и категоризација на спортските сали и врз основа на одлуката на Управниот одбор на КФСМ, Комисијата за проверка на спортските објекти во претходниот период изврши теренски увид во градовите каде што ќе се одигруваат натпреварите од сите рангови на натпреварување.

По извршената проверка, Комисијата изготви класификација на сите пријавени спортски сали во кои се играат натпреварите од сениорските и младинските лиги, согласно критериумите утврдени во правилникот (минимални технички услови, безбедносни стандарди, капацитет, осветлување, помошни простории и други параметри предвидени со нормативите).

Овој процес е од исклучителна важност за регулирано, безбедно и професионално одвивање на натпреварите во сите сениорски и младински категории.

Со навремено исполнување на условите, клубовите придонесуваат кон развојот на кошарката и подигање на организациските стандарди во нашата држава.

Со цел да се обезбеди навремена подготовка за претстојната натпреварувачка сезона, Ве известуваме дека целосниот документ со извршената категоризација е достапен за увид во прилог, односно на следниот линк:

Извештај од комисија за проверка на кошаркарските сали за сезона 2025/26