15.12.2021

Која екипа ќе биде осмиот и последен патник во WABA Суперлигата?

Перо Стамевски пред мечот на одлука за Бадел 1862: „Голем предизвик е пред нас“!

Бадел 1862 или Партизан 1953, одговорот ќе го добиеме вечер некаде околу 21.45 часот, по завршувањето на натпреварот кој е закажан да се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје

Во пресрет на решавачкиот меч за место во финалната „осумка“, тренерот на „баделки“, Перо Стамески говори за очекувањата од истиот.

„Исправени сме пред голем предизвик, победа на натпреварот со Партизан, и пласман во Супер лигата, со што би направиле историски исчекор на нашиот клуб и македонската кошарка. Но секако тоа ќе биде многу тешко, ако се земе предвид исцрпувачкиот ритам на натпревари, среда-сабота-среда. За неполни дваи пол месеца имаме одиграно дваесет натпревари, и долги патувања со поминати над 8.000 километри, што секако придонесе за замор на кошаркарките и полесни повреди. A  играме со млада, многу талентирана, и до крајни граници агресивна екипа, предводена од искусниот и квалитетен тренер Ивиќ, која на сите досегашни натпревари во лигата во поголемиот дел од натпреварите беше рамноправен противник. И само поради неискуството ги губеше натпреварите, најчесто во четвртата четвртина. Но убеден сум дека нашите девојки ќе го остават срцето на терен, и со една дисциплинирана и концентрирана игра ќе дојдеме до толку посакуваната победа. Нека победи подобрата и посреќна екипа“- вели Стамевски пред дуелот на одлука во регионалното натпреварување.